свет

Палестинското село Аракиб Израел го урна по 179. пат

Жителите на селото нагласуваат дека овие имоти биле наследени од нивните дедовци многу време пред да се основа Израел

Esat Fırat  | 22.10.2020 - Обновена : 23.10.2020
Палестинското село Аракиб Израел го урна по 179. пат

ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските сили по 179. пат уриваа куќи во палестинското село Аракиб во пустината Негев на југот на земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).

Азиз ет-Тури, член на Комитетот за одбрана на селото Аракиб, во изјавата за дописникот на АА рече дека израелските сили уште еднаш го уништиле селото Аракиб, каде што живеат 22 палестински семејства.

Наведувајќи дека ова е четврто уривање за време на епидемијата на коронавирусот, Тури рече дека што е можно поскоро ќе ги обноват уништените куќи.

Израел за првпат селото Аракиб го урна во јули 2010 година. Во селото живеат над 80 Палестинци со израелско државјанство.

Израелската администрација тврди дека селото е „подигнато незаконски и дека мора да биде уништено“.

Жителите на селото нагласуваат дека овие имоти биле наследени од нивните дедовци многу време пред да се основа Израел.

- Селаните по секое уривање ги обновуваат своите домови -

Селаните го продолжуваат својот отпор преку обновување на своите домови со дрвени и пластични материјали по секое уривање на израелските сили.

Израел за жителите на селото Аракиб не обезбедува електрична енергија и вода, како што обезбедува за другите села во подрачјето на Негев.

Израел исто така не ја признава сопственоста на земјиштето на Палестинците кои живеат во регионот.

Според палестински извори, Израел до денеска запленил 11 милиони хектари од 12-те милиони хектари од пустината Негев каде што живеат 220 илјади Палестинци.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.