Kasım İleri
22 Октомври 2020•Ажурирај: 23 Октомври 2020
ВАШИНГТОН
Американскиот Стејт департмент одобри продажба на ракетна муниција, ракетен систем ХИМАРС (HIMARS) и радарски систем на Тајван со вкупна вредност од 1,811 милијарди долари, јавува Агенција Анадолија (АА).
Агенцијата за безбедносна соработка на Соединетите Американски Држави (САД) објави три одделни соопштенија во кои се наведува дека известувањето за одобрување за продажба за вооружување на Тајван е проследено и до американскиот Конгрес
Одобрена е продажба на 135 крстосувачки ракети АГМ-84Х СЛАМ-ЕР и придружна опрема.
САД неодамна одобрија и продажба на авиони „Ф-16“ на Тајван и тоа моделот „Ф-16Ц“, кој е наменет за користење крстосувачки ракети со дострел од 250 километри.
Покрај ракетите, САД за Тајван одобрија и продажба на 11 ракетни системи ХИМАРС, 64 тактички ракетни системи за копнените сили, 7 софистицирани воени возила и контигент на лесно оржје и муниција. Одобрена е и продажба на сензори „MС-110“ за леталата „Ф-16“ и четири базни станици за тие уреди.
Вкупната вредност на одобрената продажба на оружјето за Тајван е 1,811 милијарда долари.