Sena Güler
22 Октомври 2020•Ажурирај: 22 Октомври 2020
БАКУ
Азербејџанската Армија собори уште едно беспилотно летало на Ерменија над Автономната Република Нахчиван, соопшти Министерството за одбрана, јавува Агенција Анадолија (АА).
„На 22 октомври, во утринските часови, единиците на азербејџанската Армија уништија беспилотно летало на Ерменските вооружени сили кое се обидувало да изврши лет во правец на регионите Садарак и Шарур во Автономната Република Нахчиван“, се соопштува од Министерството.
„Азербејџанските сили соборија шест ерменски беспилотни летала во текот на изминатите три дена“, се соопштува од Министерството за одбрана.
Во помалку од две недели, Ерменија прекрши два хуманитарни прекини на огнот во Нагорно Карабах, меѓународно признатата територија на Азербејџан.
Новиот хуманитарен прекин на огнот стапи на сила минатата сабота.
- Судири во Нагорно Карабах
Пограничните судири избувнаа на 27 септември, кога ерменските сили започнаа со напади врз азербејџанските цивилни населби и воени позиции, кои резултираа со жртви.
Односите меѓу двете поранешни советски републики се тензични од 1991 година, кога ерменската војска го окупира Нагорно Карабах, меѓународно призната територија на Азербејџан.
Четири резолуции на Советот за безбедност на ОН и две резолуции на Генералното собрание на ОН, како и многу меѓународни организации, бараат повлекување на окупациските сили.
Групата Минск на ОБСЕ, со која копретседаваат Франција, Русија и САД, беше формирана во 1992 година, со цел изнаоѓање решение за конфликтот, но досега без резултат. Издејствувано е примирје во 1994 година.
Франција, Русија и НАТО, меѓу другите, повикаа на итен прекин на судирите во окупираниот регион.