свет

Израелските сили оставија четири палестински семејства без дом во Западниот Брег

- Израелските сили урнаа 4 палестински куќи-бараки во окупираниот Западен Брег со образложение дека не се легални

Mustafa Deveci  | 25.11.2020 - Обновена : 26.11.2020
Израелските сили оставија четири палестински семејства без дом во Западниот Брег Фото: Мамун Вазваз / AA

ЕРУСАЛИМ 

Израелските сили урнаа 4 палестински куќи-бараки во окупираниот Западен Брег со образложение дека не се легални, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Израелските војници со градежна опрема упаднаа во некои области населени со палестински бедуини во селата на градот Хеброн.

Одвреме-навреме имаше тензија помеѓу жителите на регионот, кои реагираа на одлуката за уривање, и израелските сили.

Иако Палестинците се обидоа да го спречат уривањето, качувајќи се на корпата на булдожерот, тоа не им успеа.

Израелските сили урнаа 10 објекти на палестински бедуини, од кои 4 куќи-бараки, а останатите штали, со образложение дека немаат дозвола за градба.

Според палестински извори, само минатата година израелските власти урнаа повеќе од 500 домови и деловни објекти на Палестинците во окупираните Источен Ерусалим и Западниот Брег.

Во рамките на Вториот договор од Осло, кој администрациите на Палестина и Израел го потпишаа во 1995 година, Западниот Брег е поделен на зони, А, Б и Ц.

Палестинците речиси e невозможно да добијат дозвола за изградба или проширување во поголемиот дел од зоната Ц, со образложение дека таа зона е под контрола на израелската администрација.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.