Ekip?
12 Ноември 2017•Ажурирај: 12 Ноември 2017
ЛУСАКА (АА) - Двајца европски туристи загинаа во градот Ливингтоун, во јужниот дел на Замбија, откако беа прегазени од два слона, кога се обиделе да се сликаат блиску до нив, соопшти полицијата денес, пренесува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на полицијата, Дени Мвале, соопшти дека меѓу смртно настраданите биле 55-годишна државјанка на Белгија и 64-годишен Холанѓанец.
Како што е соопштено, полициските службеници кои излегле на местото на настанот синоќа пронашле тела на настрадани лица во туристичкиот комплекс, „Maramba River Lodge“, четири километри од познатите водопади Викторија.
Сѐ уште не е познато дали телата на смртно настраданите ќе бидат закопани во Замбија или тамошните власти ќе ги вратат во Белгија, односно Холандија.
Полицијата исто така ја истражува можноста и од извршување на самоубиство.