свет, живот

Мајка го спаси своето двегодишно дете од челустите на леопард во Замбија

Инцидентот се случи во местото Набвалија Чифдом, населба околу Националниот парк „Северна Луангва“, која е дом на значителна популација на африканските диви животни познати како „Големата петорка“

James Kunda  | 25.04.2024 - Обновена : 30.04.2024
Мајка го спаси своето двегодишно дете од челустите на леопард во Замбија

ЛУСАКА (АА) - Мајка го спаси своето двегодишно дете од челустите на леопард во северна Замбија, во еден од најбогатите хабитати на дивиот свет во Африка, каде е регистриран уште еден нов случај на напад на животно, јавува Анадолу.

Инцидентот се случил во неделата во местото Набвалија Чифдом, населба околу Националниот парк „Северна Луангва“, која е дом на значителна популација на африканските диви животни познати како „Големата петорка“.

Детето се лекува од сериозни повреди во општата болница Чилонга во округот Мпика, каде што се наоѓа Набвалија. Мајката Тида Мубанга изјави дека нападот се случил додека тие спиеле на својата фарма.

Мубанга истакна дека забележала како предаторот ја влече главата на нејзиното дете, а потоа таа почнала силно да го влече детето од животното додека не успеала да го спаси.

Медицинскиот менаџер на општата болница Чилонга, Бертин Каленгаи, рече дека по приемот на пациентот, болницата успеала да го запре крвавењето и да го спаси животот на детето, додавајќи дека тоа е сега надвор од животна опасност и добро реагирало на лекувањето.

Каленгаи рече дека ова е трет случај на напад на диви животни кои болницата ги третирала од Набвалија само оваа година, другите два биле каснувања од крокодили, од кои двете жртви сè уште закрепнувале во болницата.

Окружниот комесар на Мпика, Дејвид Сјаме, го посети малото дете и потврдувајќи го инцидентот, рече дека ќе работи со националниот Оддел за национални паркови и див свет за нападите да бидат стопирани.

„Свесен сум дека нашиот народ живее во страв поради нападите од животни, но Владата не замижува на ситуацијата во Набвалија. Работиме на мерки за спречување на нападите“, додаде тој.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.