Ömer Tuğrul Çam
05 Ноември 2020•Ажурирај: 06 Ноември 2020
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) од израелската администрација побара да го запре уривањето на палестинските згради, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Европската комисија се наведува дека израелските сили оваа недела урнале 70 градби, меѓу кои и простории за живеење, работни места и здравствени установи кои припаѓале на 11 палестински семејства во Јорданската Долина.
Меѓу другото, се нагласува дека од почетокот на оваа година широкораспространетите уривања продолжуваат и дека има и закана за уривање на палестинското училиште на Западниот Брег изградено со средства од ЕУ.
Во соопштението исто така се додава:
„Во моментов на 52 палестински училишта им се заканува уривање. Како што беше истакнато и во претходните резолуции, Советот на ЕУ повикува на заштита на децата, вклучително и осигурување безбедни училишта. Образованието е основно човеково право кое треба да биде заштитено.“
„Ваквиот развој на настаните е пречка за решение за две држави“ се вели во соопштението, и се нагласува:
„ЕУ го повикува Израел да престане со ваквите уривања, вклучително и на зградите изградени со средства од ЕУ, особено со оглед на хуманитарните ефекти на епидемијата од Ковид-19.“