Enes Canlı
01 Декември 2021•Ажурирај: 01 Декември 2021
КУДС (АА) - Тел Авив, главниот град на Израел, се искачи на врвот на листата на најскапи градови во светот, симнувајќи го Париз од врвот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во извештајот подготвен од истражувачкиот оддел на списанието „Економист“ (The Economist) со седиште во Велика Британија, се нагласува дека во 173 големи градови низ светот испитани се повеќе од 200 производи и услуги.
Проблемите со синџирот на снабдување предизвикаа зголемување на цените, а ограничувањата наметнати поради епидемија на Ковид-19 влијаеше и на производството и на трговијата низ светот.
Според извештајот, оние што живеат во метрополите низ светот, годинава се сведоци на најголемото зголемување на трошоците за живот во последните пет години.
Се истакнува дека со поскапувањето на нафтата, поскапел и превозот во градовите.
Тел Авив, главниот град на Израел, стана најскапиот град во светот, издигнувајќи се од петтото место на глобалното рангирање на трошоците за живот.
Се нагласува дека Париз паднал за едно место подолу на листата, делејќи го второто место со Сингапур.
Добивањето вредност на израелскиот шекел во однос на странските валути и зголемувањето на цените на храната и транспортот го доведоа Тел Авив да се искачи на првото место.
Главниот град на Иран, Техеран, се искачи од 79. на 29. место во светскиот индекс на скапост поради зголемувањето на цените и ограничувањата предизвикани од американските санкции. Со тоа Техеран стана град со најголем пораст на листата.
Во извештајот е наведено дека европските и развиените азиски градови се на врвот на рангирањето на трошоците за живот, а најевтини се градовите во сиромашните региони на Блискиот Исток, Африка и Азија.
Главниот град на Сирија, Дамаск, е најевтин град во светот, а Триполи, главниот град на Либија, го зазеде второто место од дното на листата.