Турција, економија

Зголемена прогнозата за раст на турската економија во 2021 година од 8,4 отсто на 9 отсто

Прогнозата за раст на турската економија од страна на Организацијата за економска соработка и развој за следната година е зголемена од 3,1 отсто на 3,3 отсто, додека за 2023 година прогнозата за раст е 3,9 отсто

Bahattin Gönültaş  | 01.12.2021 - Обновена : 02.12.2021
Зголемена прогнозата за раст на турската економија во 2021 година од 8,4 отсто на 9 отсто

БЕРЛИН (АА) - Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), прогнозата за глобален економски раст за 2021 година објавена како 5,7 отсто во септември, ја намали на 5,6 отсто, исто така ги ревидира и очекувањата за раст на турската економија од 8,4 отсто на 9 проценти, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Објавен е Извештај за економската перспектива на ОЕЦД за ноември.

Во извештајот се забележува дека главниот ризик за глобалните економски изгледи е дека сегашниот пораст на инфлацијата ќе потрае подолго и дека ќе се зголеми повеќе од очекуваното.

Во извештајот, во кој се вклучени проекциите за економски раст на ОЕЦД за 2021, 2022 и 2023 година, прогнозата за раст на глобалната економија, која во септември беше објавена како 5,7 отсто за 2021 година, е намалена на 5,6 отсто.

Прогнозата за раст се одржуваше константна на 4,5 проценти за 2022 година, а како 3,2 проценти за 2023 година.

Турската економија, која во септември беше прогнозирана на 8,4 отсто за оваа година, е ревидирана на 9 отсто во денешниот извештај.

Прогнозата за раст на турската економија за следната година е зголемена од 3,1 отсто на 3,3 отсто, додека за 2023 година е направена прогноза за раст од 3,9 отсто.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.