Hakan Çopur
23 Јуни 2020•Ажурирај: 23 Јуни 2020
ВАШИНГТОН (АА) – Активностите за „уривање на спомениците“ во различни делови на Соединетите Американски Држави (САД), што започнаа како реакција на расизмот по смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд поради полициско насилство, стигнаа и до Белата куќа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Стотици демонстранти се обидоа да го соборат споменикот на Ендру Џексон, седмиот претседател на САД, што се смета за симбол на паркот „Лафајет“.
Додека демонстрантите се обидуваа да го урнат споменикот, припадници на безбедносните служби од паркот и полицијата на Тајната служба интервенираа.
Полицијата, користејќи солзавец, ги оддалечи демонстрантите од местото, а демонстрантите извикуваа пароли против Џексон.
Џексон е познат како лице што го подготвило Законот за протерување на Индијанците, што предизвика смрт на многу домородни луѓе, и како претседател кој имал многу робови.
Од друга страна, американскиот претседател, Доналд Трамп, на својот профил на Твитер реагираше за инцидентот.
„Многу лица се приведени во засрамувачкиот вандализам врз прекрасниот споменик на Ендру Џексон во паркот Лафајет“, нагласи Трамп.
Трамп додаде дека приведените може да добијат казна затвор од 10 години според важечкиот закон.