Sertaç Bulur
19 Јуни 2019•Ажурирај: 20 Јуни 2019
АНКАРА
Турските екипи за борба против наркотици, по добиените информации од разузнавањето, заедно со полициските сили на Италија и Шпанија, спроведоа акција врз брод во Медитеранот, во близина на брегот на Алжир, при што се запленети 12 тони дрога. Полицијата ги приведе 8-те членови на екипажот, со потекло од Украина, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението што го објави Министерството за внатрешни работи на Турција, се вели дека екипите за борба против криминал со наркотици, по добиените разузнавачки податоци, информациите ги споделиле со италијанските и шпанските колеги.
По ова е започната заедничка акција со италијанските и шпанските единици. Во операцијата во Медитеранот, во близина на алжирскиот брег, спроведена е рација на бродот „ELG“ под молдавско знаме, при што се откриени 12 тони дрога.
Полицијата ја конфискуваше откриената дрога и ги приведе 8-те членови на екипаж на бродот, кои биле со украинско потекло.