Umar Farooq
19 Јуни 2019•Ажурирај: 19 Јуни 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека вршителот на должноста министер за одбрана, Патрик Шанахан, ја повлекол кандидатурата за челник на Пентагон, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Вршителот на должноста секретар за одбрана Патрик Шанахан, кој изврши одлична работа, одлучи да ја повлече кандидатурата за да се посвети повеќе на своето семејство“, објави Трамп на социјалната мрежа Твитер.
Трамп извести дека за нов вршител на должноста министер за одбрана ќе биде именуван Марк Еспер.
„Го знам Марк и не се сомневам дека ќе изврши фантастична работа“, напиша американскиот претседател.
Тој минатиот месец најави дека ќе го предложи Шанахан за прв човек на американската Војска. Меѓутоа, минатата недела излегоа информации за тоа дека Трамп ќе ја разгледа таквата одлука.
Шанахан (56) е именуван за привремен министер за одбрана по заминувањето на Џејмс Матис во декември минатата година. Матис ја напушти функцијата прв човек на американската Војска поради несогласување со Трамп, особено во врска со повлекувањето на американските трупи од Сирија.