Ekipa
27 Август 2017•Ажурирај: 28 Август 2017
КАИРО (АА) - Египетските власти на два дена го отворија граничниот премин Рафа, јавува Anadolu Agency (AA).
Хишам Адван, официјалното лице на палестинската страна за граничниот премин Рафа изјави дека Египет, утринава, на два дена го отворил граничниот премин прво за идните аџии а потоа и за хуманитарни ситуации.
Адван изјави дека граничниот премин ќе го користат прво 484 идни аџии од Газа, а потоа ќе биде овозможен премин за хуманитарни потреби.
Исто така, во текот на двата дена луѓето кои останаа на египетската страна ќе можат да се вратат во Газа.
Египетската администрација повремено ќе го отвори граничниот премин Рафа кој го затвори по воениот удар на 3 јули 2013 година.