Ekipa
27 Август 2017•Ажурирај: 28 Август 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Во Израел се одржаа демонстрации со барање да се забрза истрагата за корупција против премиерот на земјата, Бенјамин Нетанјаху, јавува Anadolu Agency (AA).
Според израелскиот весник, „Yediot Ahronot“, демонстрантите се собрале пред куќата на израелскиот главен јавен обвинител, Авихаи Манделблит, во градот Петах Тиква, и побарале да се забрза истрагата против Нетанјаху.
Нетанјаху се соочува судски процес за корупција кој трае веќе подолго време. Се зголемуваат апелите на израелската јавност и политичарите за оставка на Нетанјаху.
Тој четирипати е повикан да даде изјава во врска со тврдењата за мито и корупција. Во случај да се потврдат тврдењата за корупција, се очекува да даде оставка од својата функција.
Нетанјаху ги негира тврдењата за корупција, и ги обвинува медиумите во земјата за обид за уривање на Владата на неговата партија, Ликуд.
Против премиерот се води истрага за „земање пари од бизнисмени, правење зделки со шеф на медиум за емитување во негов интерес, и корупција во купувањето на подморниците од Германија“.