Selçuk Acar
28 Август 2017•Ажурирај: 29 Август 2017
ЊУЈОРК (АУ) - Ураганот Харви, кој ја погоди сојузната американска држава Тексас, зеде најмалку пет животи, јавува Anadolu Agency (AA).
Харви е најсилниот ураган што го погоди Тексас од 1961 година, а обилните врнежи и поплави предизвикаа природна катастрофа во Хјустон.
Во градот којшто брои 2,3 милиони жители, патиштата се поплавени и претворени во реки.

Во округот Каунти кој му припаѓа на Хјустон, евакуирани се пациентите од државната болница поради дефект на генераторот предизвикан од водената буица.
Гувернерот на тексас, Грег Абот, изјави дека се затворени вкупно 250 автопатишта во сојузната држава, а во 19 градови е прогласена вонредна состојба.
Постои можност од поголем број смртно настрадани и во местото Рокпорт кое брои 10.000 жители, место во кое првин удри ураганот
Метеоролозите најавуваат дека влијанието на ураганот на југоистокот од Тексас ќе биде чуствувано до утре.
Во многу делови на таа сојузна држава е предизвикана значителна материјална штета, голем број куќи се целосно уништени, додека други останаа без покриви.
Претставници на Државниот метеоролошки завод на САД (NWS) ги повикаа жителите на Хјустон да не ги напуштаат своите домови.
Градоначалникот Силвестер Тарнер ги повика граѓаните да не ги повикуваат спасувачките тимови, доколку не се во животна опасност.
Се очекува американскиот претседател Доналд Трамп, денес да го посети погоденото подрачје.