Mustafa Melih Ahıshalı
28 Август 2017•Ажурирај: 28 Август 2017
ТЕХЕРАН (АА) - Земјотрес со јачина од 4,9 степени по Рихтер го погоди Шарабијан во иранската покраина Источен Азербејџан, јавува Anadolu Agency (AA).
Сеизмолошкиот центар на Институтот за геофизика на Универзитетот во Техеран соопшти дека земјотресот е регистриран во 03:44 часот (по локално време) и тоа на длабочина од шест километри.
Халил Саи, директор на Управата за вонредни состојби на Источен Азербејџан, за иранската новинска агенција ИРНА, изјави дека во земјотресот кој предизвикал штета на одредени станбени објекти, биле повредени најмалку осум лица.
Саии додаде дека екипити за спасување се упатени на погоденото подрачје.