Bilgin S. Şaşmaz
28 Август 2017•Ажурирај: 29 Август 2017
ЧИКАГО (АА) - Во американскиот град Чикаго беа организирани демонстрации против расизмот и против омразата, јавува Anadolu Agency (AA).
Повеќе илјадници луѓе демонстрираа preд Федерал Плаза.
Говорниците укажаа на говорот на омраза и на расизмот, кои се интензивираа во последно време.
Тие додадоа дека слободата на говорот, која е едно од основните начела на САД, не им дава на луѓето право на говор на омраза. Покрај тоа, тие посочија дека омразата кон муслиманите, Афроамериканците и другите групи достигнала загрижувачки димензии.
Програмата во текот на која беше оддадена почест на Хедер Хајер, која почина за време на насилствата во градот Шарлотсвил, Вирџинија, продолжи со протестна прошетка до „Trump Tower“ (Трамп Тауер).
Демонстрантите носеа транспаренти: „Животите на муслиманите се важни“, „Ќе се бориме против расизмот“, „Овде нема место за омраза“ и слично.
Тие извикуваа слогани: „Не, на Кју Клукс Кланот (ККК)“, на Трамп и на расистички САД“, како и „Не постои омраза ниту страв, нацисти овде не сте добредојдени“.
Беа преземени високи безбедносни мерки, како за време на протестната прошетка, така и пред зградата на Трамп.