?kipa
28 Август 2017•Ажурирај: 29 Август 2017
ФРИТАУН (AA) - Повеќе од 1.000 лица смртно настрадаа во одрон на кал по поплавите што на 14 август го погодија Фритаун, престолнината на Сиера Леоне, пренесува Anadolu Agency (AA).
Владата претходно соопшти дека билансот на настраданите лица е 450, а спасителите и хуманитарните организации предупредуваат дека повеќе од 600 лица исчезнале во природната катастрофа и дека се мали шансите некој од нив да преживеал.
Еленорох Жокоми Мецгер, претседателка на здружението на жените во населеното место Регент, изјави дека повеќе од 1.000 лица загинале и оти точниот број никогаш нема да се дознае.
Акцијата за спасување и трагање по телата на жртвите продолжува, а обилните врнежи се закануваат со нова катастрофа во оваа западноафриканска земја.