Özgür Alantor
27 Јуни 2022•Ажурирај: 28 Јуни 2022
КАСТАМОНУ (АА) - Обилните дождови предизвикаа поплави во северната турска област Кастамону, а најтешка беше ситуацијата во областите Инеболу и Бозкурт, јавува Агенција Анадолија (АА).
Синоќешните дождови предизвикаа излевање од коритото на реката Инеболу, што предизвика штета врз инфраструктурата, а поплавен е и локалниот пазар каде се урна пешачки мост.
Поплавени се голем број објекти, а надлежните служби ги повикаа граѓаните да не се приближуваат до реката и да не ги отвораат продавниците.
Затворен и е главниот патен правец Кастамону-Инеболу, па се патува по алтернативниот правец преку Абана.
Поради оштетување на инфраструктурната мрежа, поширокото подрачје на Инеболу остана без струја.
Слична е ситуацијата и во областа Бозкурт, низ која тече надојдената река Езине.
Надлежните служби се на терен и им помагаат на жителите на загрозените населби.