Ekipa
28 Август 2017•Ажурирај: 29 Август 2017
КАБУЛ (АА) - Најмалку 15 лица загинаа во самоубиствен бомбашки напад врз конвој на безбедносните сили во југозападната област Хелманд, потврди денес официјално лице, јавува Anadolu Agency (AA).
Доцна синоќа, конвој на авганистанската национална армија (АНА) беше цел на напад во нестабилното подрачје Нава. Умар Звак, портпарол на гувернерот на областа Хелманд, за АА изјави дека во нападот загинале 13 припадници на авганистанската национална армија (АНА) и двајца цивили.
„Бомбашот-самоубиец автомобил, удри во оклопно возило на армијата на преполн пазар“, изјави тој, додавајќи дека 19 лица биле исто така повредени во нападот.
Одговорноста за нападот ја презедоа Талибанците.
Областа Хелманд се наоѓа јужно од Кандахар, родното место на талибанците, еден од најнесигурните региони во којшто се одгледува афион, а талибанците контролираат големи делови од земјата.
Минатиот месец, авганистанските национални безбедносни сили (АНСФ), поддржани од воздушните сили на САД, успеаја да ја вратат контролата над подрачјето Нава во Хелманд, една година откако талибанците го зазедоа. Оттогаш, крвави судири избиваат во повеќе делови од областа.