Ekip
12 Јуни 2023•Ажурирај: 15 Јуни 2023
КАМПАЛА (АА) - Вооружените сили на Демократската Република Конго убиле повеќе од 1.000 членови на бунтовничката група Сојузни демократски сили (ADF) од прогласувањето опсада на територијата Бени во провинцијата Северен Киву, јавува Анадолу.
Портпаролот на Армијата, капетанот Ентони Муалушаји, рече дека за време на операциите биле уапсени и стотици бунтовници.
„За време на состојбата на опсада, која е во тек, спроведовме операции во различни делови на територијата Бени против вооружените бунтовници на АДФ. Досега убивме повеќе од 1.000. Изброивме повеќе од 1.000 тела во седум подрачја каде наидовме на бунтовниците на АДФ“, рече Муалушаји.
Како што изјави, тие уапсиле 702 бунтовници и нивни соработници, меѓу кои имало Јорданци, Пакистанци, Кенијци и Авганистанци.
Состојбата на опсада во Северен Киву стапи на сила на 6 мај 2021 година. Владата на ДР Конго гостори тоа со цел да ги спречи бунтовниците да убиваат невини луѓе во селата околу шумите каде што имаат бази.
Бунтовниците на АДФ потекнуваат од Уганда, каде што сакале да ја соборат Владата на претседателот Јовери Мусевени, но биле поразени од војската на Уганда и побегнале во шумите на источниот дел на ДР Конго, од каде што напаѓаат села, убивајќи цивили.