Seyit Ahmet Aytaç
19 Септември 2018•Ажурирај: 20 Септември 2018
ИДЛИБ (АА) - Неодамнешниот Договор помеѓу Анкара и Москва за демилитаризација во северозападната сириска покраина Идлиб, им дава надеж на цивилите од регионот за посветла иднина, јавува Anadolu Agency (AA).
Жителите на Идлиб во разговор со Anadolu Agency (AA) ги споделија своите мислења во врска со Договорот и нивните планови за во иднина.
„Ние ѝ веруваме на Турција. Се чувствуваме удобно кога Турција е силна и активна во регионот. На нашите демонстрации мавтаме со знамињата на Слободната сириска војска и Турција“, изјави Ахмад Зарзур.
„Знамето на Слободната сириска војска е симбол на нашата издржливот, а турското знаме е симбол на нашата доверба и верба“, додаде тој.
„Ние го гледаме Договорот како добра работа за нас. Се надеваме дека ќе донесе добри резултати за луѓето во Идлиб“, вели Зарзур.
Бедир Кајси, кој неодамна се пресели во Идлиб од Хомс, за АА рече: „Многу ѝ се заблагодаруваме на Турција и нејзиниот народ поради тоа што не нѐ напуштија.“
Управителот на болницата во Идлиб, Абдусалем Хасан, рече: „Сакаме Турција да обезбеди доверба во регионот. Исто така, повикуваме за помош од страна на хуманитарите оранизации.“
Во понеделникот, Анкара и Москва потпишаа Договор, повикувајќи на воспоставување зона без судир во Идлиб.
Во рамките на Договорот, опозициските групи во Идлиб ќе останат во областите во кои се веќе присутни, додека Турција и Русија ќе спроведат заеднички патроли во областите, со цел спречување на каква било повторна борба.
Според Договорот, турските и руските вооружени сили ќе спроведуваат заеднички патроли долж периметарот на зоната.
Лоциран во близина на турската граница, Идлиб е дом на над 3 милиони Сиријци, од кои многумина дојдоа од другите градови по нападите од страна на режимските сили.
Сирискиот режим неодамна објави план за започнување голема воена офанзива во подрачјето на Идлиб, кое долго време е под контрола на различни вооружени опозициски групи.
Обединетите нации (ОН) минатата недела предупредија дека таквата офанзива ќе ја предизвика најголемата хуманитарна катастрофа во 21 век.