Esat Fırat
19 Септември 2018•Ажурирај: 19 Септември 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - Група од 159 радикални Евреи во придружба на полицијата влезе во „Ал Акса“, која се наоѓа во окупираниот Источен Ерусалим, јавува Anadolu Agency (AA).
Фирас Дибс, портпаролот на Управата за вакуфи во Ерусалим, соопшти дека израелската полиција за Евреите го отворила влезот Ел Магарибе, на јужниот дел на „Ал Акса“.
Денес започна еврејскиот празник Ден на помирување (Yom Kippurа), а по него следува седумдневниот празник Сукот (Sukot). Радикалните Евреи, повремено, со придружба на полицијата, во утринските и попладневните часови влегуваат во „Ал Акса“.
Овие влегувања неретко ги подигаат тензиите на тоа подрачје и доведуваат до судири на Палестинците и израелската полиција.
Израелските сили од 2003 година доведуваат еврејски доселеници во комплексот на „Ал Акса“, а на муслиманите често им наметнуваат старосна граница за влез. Поради верувањата дека тука се наоѓаат остатоци од Соломоновиот храм, израелските власти вршат тајни ископувања под комплексот и со тоа ги загрозуваат историските објекти.
Комплексот на „Ал Акса“ се простира на 15 отсто од површината на старото јадро на Ерусалим (Кудс), кој е под израелска окупација, а претставува точка на спојување на трите најголеми религии на светот.