Şerife Çetin
27 Декември 2018•Ажурирај: 28 Декември 2018
БРИСЕЛ (АА) - Илјадници демонстранти познати како „Жолти елеци“ во текот на минатата ноќ држеа блокирани голем број сообраќајници во јужниот дел на Белгија, јавува Anadolu Agency (AA).
Демонстрантите во жолти елеци блокираа улици во градот Ено, во Валонија, во близина на белгиско-француската граница.
Локалните медиуми јавуваат дека белгиската полиција интервенирала утринава и ги отстранила демонстрантите од сите блокирани патишта, освен од Автопатот E19 во правец на Франција.
Во текот на синоќешните демонстрации, група крадци го искористиле метежот и опљачкале еден од паркираните шлепери во близина на белгиско-француската граница.
Крадците по грабежот го запалиле камионот и побегнале, а полицијата трага по нив.