Riyaz ul Khaliq
25 Мај 2019•Ажурирај: 27 Мај 2019
АНКАРА (АА) - Во Јапонија две јапонски дињи беа продадени за рекордни 45.000 долари, јавува Anadolu Agency (AA).
Новинската агенција „Кјодо“ известува дека дињите одгледувани во Јубари, префектурата Хокаидо, вчера биле продадени за 5 милиони јени во првата аукција на сезоната.
„Понудата на цената на големопродажниот пазар во Сапоро го надмина највисокото ниво од 3,2 милиони јени платени на првата аукција на дињи во Јубари минатата година“, се вели во извешајот.
Овој вид диња позната како „канталупа“ или „спанспек“ е позната по тоа што е мека и сочна и има портокалова боја, како и по нејзината висока содржина на шеќер.
Канталупата обично има тежина од 0,5 до 5 килограми.
Во извештајот се вели дека дињите обично се продаваат за цена помеѓу 4.000 јени (36 долари) и 10.000 јени (91 долар), и често се даваат како подароци.
ДОО „Pokago Sapporo Food & Beverage“ со седиште во Нагоја е прогласена за успешен понудувач.
Компанијата соопшти дека се одлучила понудата да биде дел од прославата за 10. годишнина од пуштањето на сочната вода со вкус на дињи.
„Бидејќи нашата компанија е основана во Сапоро, Хокаидо, размислував дека мора да има нешто што можам да направам за Хокаидо“, изјави претседателот Јошихиро Ивата.