Burak Bir
11 Март 2020•Ажурирај: 12 Март 2020
АНКАРА (АА) - Оваа година ќе биде клучна во решавањето на моменталните климатски непогоди, изјави генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Нагласувајќи ја итноста на борбата против потенцијалната катастрофа, Гутереш изјави дека трошоците ги бројат во човечките животи, додека поплавите, сушите и временските непогоди го земаат својот данок.
Зборувајќи на прес-конференцијата на Светската метеоролошка организација (WMO), Гутереш нагласи дека е „кристално јасно“ дека глобалното затоплување се забрзува, бидејќи 2019, по 2016 година, беше втората најтопла година во поглед на рекордните и концентрацијата на стакленичките гасови.
Според неговите зборови, океанската топлина е на рекордно ниво, а температурите и понатаму растат.
„Потребни ни се сите земји да покажеме дека можеме да постигнеме намалување на емисијата од 45 отсто на нивото од 2010 година во оваа деценија и дека ќе постигнеме нето-нулта емисија до средината на векот. Знаеме дека тоа е единствениот начин глобалното затоплување да се ограничи на 1,5 степен Целзиусов“, изјави генералниот секретар на ОН.
Петери Таалас, генералниот секретар на Светската метеоролошка организација, изјави дека концентрацијата на стакленичките гасови и понатаму ќе се зголемува како и во 2019 година, а дека во оваа година немало баш знаци на забавување.