Sefa Mutlu
07 Јануари 2017•Ажурирај: 07 Јануари 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган денес телефонски разговараше со генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, јавува Anadolu Agency (AA).
Според сознанијата на новинар на АА од извори блиски на Кабинетот на претседателот на Турција, Ердоган и Гутереш разговараа за преговорите околу Кипар и ситуацијата во Сирија.
Ердоган истакна дека желба на Турција во врска со преговорите за прашањето околу Кипар, е да се дојде до праведно, долгорочно и сеопфатно решение кое ќе ги задоволи и двата народи.
Гутереш истакна дека ОН ги поздравува сите напори кои во досегашниот период ги вложила Турција, како по прашањето за помош на бегалците така и за пронаоѓањето на решение за сириската криза.