Kemal Zorlak
07 Јануари 2017•Ажурирај: 08 Јануари 2017
КАТАР (AA) – Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган избран е за личност на 2016 година во анкета на телевизијата Ал Џезеира, спроведена на социјалната мрежа Твитер, јавува Anadolu Agency (AA).
Меѓународната телевизија со седиште во Катар покрена анкета во која гледачите секоја недела имаа прилика да гласаат за „личност на неделата" и „настан на неделата", но покрај тоа и за „личност на годината."
Во анкетата, која е покрената во програмата на египетскиот новинар Махмут Мурат, учествуваа 130 илјади гледачи.
Во третата етапа на анкетата направен е потесен избор на кандидатите меѓу кои покрај турскиот претседател Ердоган се наоѓаа и тунискиот инжењер Мухамед Ез-Зевари, премиерот на Мароко Абдулилах Бенкиран, како и сириското дете Умран, кое е спасено под урнатините во текот на бомбардирањето во Сирија, а чии фотографии ги виде светот. Претседателот Ердоган доби 40 отсо од гласовите, детето Умран 34, тунискиот инжењер Зевари 17 и мароканскиот премиер девет.