Yusuf Hatip
11 Март 2020•Ажурирај: 12 Март 2020
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) ја повика Грција да ги испита тврдењата за насилство или незаконската интервенција врз мигрантите, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Комисијата на ЕУ, Адалберт Јанц, во дневниот брифинг за медиумите истакна: „Очекуваме грчките власти да ги испитаат сите тврдења за насилства или незаконска интервенција [врз мигрантите].“
Истакнувајќи дека грчките власти се соочуваат со една исклучителна ситуација и извршуваат тешка задача, Јанц рече: „Тие тоа мора да го прават со целосна почит на основните права и пропорционално.“
Денеска е 13. ден од чекањето на мигрантите во тампон-зоната помеѓу граничните премини Пазаркуле и Кастаниес и пошумената област во близина.
Грчките гранични трупи интервенираат со гасни бомби врз мигрантите.
Директорот на одделот за здравство на Едрене, Али Џенгиз Калкан, изјави дека во градските и полските болници се лекуваат 2.306 мигранти кои се повредени од огненото оружје, пластичните куршуми, гасните бомби и водените топови на грчката гранична единица.
Министерот за внатрешни работи на Турција, Сулејман Сојлу, истакна дека од 6 март, турската територија во Едрене ја напуштиле 142.175 мигранти и преминале на грчката страна.