Cüneyt Karadağ
06 Август 2020•Ажурирај: 12 Август 2020
БЕРЛИН
Во Германија, мајката Маиде Т. и оваа недела го продолжи протестот за нејзината ќерка која е киднапирана од терористичката организација ПКК, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Со облечена маица со фотографија на нејзината ќерка Нилуфер Т. и со транспарент со натпис „ПКК е вирус“, мајката Маиде Т. протестираше пред историската Браденбуршка порта во центарот на Берлин.
Мајката упати апел до нејзината ќерка да се врати дома со зборовите: „Напушти го тоа и врати се дома пред да се соочиш со некоја лоша последица.“
Мајката Маиде Т. нагласи дека на 10 август е роденденот на нејзината ќерка.
„Сакам да бидам со мојата ќерка на нејзиниот роденден. Навистина посакувам таа да се врати како подарок за роденден. За мене тоа ќе биде најголемиот подарок. Многу ми е тешко роденденот да го славам без неа“, рече таа.
Лицата кои се собраа за поддршка на Маиде Т. носеа транспаренти со натписи „ПКК е вирус“, „Ве молам, помогнете ми да ја спасам мојата ќерка од ПКК“, и маици со фотографија на Нилуфер Т. и со натпис „Киднапирана од ПКК“.
Од 12 ноември 2019 година, Маиде Т. нема ниту една информација од нејзината ќерка која излегла од дома кажувајќи дека оди во училиште.
Оваа мајка за спасување на нејзината ќерка од терористичката организација претходно организираше протести и пред здружение познато по својата блискост со терористичката организација ПКК, пред Кабинетот на премиерот и пред Федералниот парламент.