свет

Чавушоглу: „Операцијата Ирини е пристрасна операција“

„Дали дојде некоја критика од Хафтар и неговите поддржувачи во врска со операцијата „Ирини“? Не. Бидејќи таа е операција која е поддржана од Хафтар и неговите поддржувачи“, истакна Чавушоглу

Nazlı Yüzbaşıoğlu, Muhammet Tarhan  | 06.08.2020 - Обновена : 07.08.2020
Чавушоглу: „Операцијата Ирини е пристрасна операција“

ТРИПОЛИ/АНКАРА

Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, истакна дека операцијата „Ирини“ на Медитеранот, започната од Европската Унија (ЕУ) за испитување на ембаргото за оружје на Обединетите нации (ОН) кон Либија, е пристрасна операција, јавува Агенција Анадолија (АА).

Чавушоглу нагласи дека испраќањето фрегата во операцијата од страна на Германија е погрешен чекор и дека во случај земјата која е домаќин на Берлинската конференција, да се вклучи во оваа пристрасна операција, ќе се елиминира легитимноста на Берлинската конференција.

Шефот на турската дипломатија одговори новинарските прашања по средбата со либискиот премиер Фаиз ес Серач, реализирана заедно со Еварист Бартоло, министер за надворешни работи на Малта.

Чавушоглу рече дека за време на посетата на Либија укажале на соработката и поддршката на Турција за Либија.

„Оваа посета има и друго значење, имајќи предвид дека заедно дојдовме со министерот за надворешни работи на Малта, Бартоло. Всушност, европските земји, особено и земјите кои се соседи на Медитеранот, треба уште повеќе да ја зајакнуваат соработката со Либија. Бидејќи, настаните кои се случуваат тука, секогаш се рефлектираат во Европа, особено во земјите кои се наоѓаат источно од Медитеранот“, нагласи Чавушоглу.

Тој истакна дека во рамки на посетата размениле мислења за политичкиот процес во Либија, примирјето, како и поддршката дадена во други области за Либија од страна на Турција.

Според него, Либија се соочува со проблеми што се однесува до борбата против нерегуларната миграција.

„Во Либија се наоѓаат над 800.000 илегални мигранти. Турција е земја која најдобро може да ја разбере Либија во оваа насока. Затоа, треба да се поддржува Либија и да се осигура соработка во оваа насока меѓу европските земји и Либија“, рече тој, додавајќи дека ЕУ треба да даде силна поддршка во оваа насока.

„Не треба да заборавиме дека ЕУ не го одржа зборот, но и да постои договор, тоа таа не го спроведува. Затоа, треба да се направат конкретни чекори во интерес на двете страни“, додаде тој.

„Иако нема официјално прогласено примирје, на терен има мир. Сега народот очекува услуги“, истакна Чавушоглу

Тој рече дека проблемот во Сирија сѐ уште не е целосно решен, и дека овие посети ќе продолжат од двете страни.

Шефот на турската дипломатија нагласи дека лидерот на илегалните сили во источниот дел на Либија, Калифа Хафтар, сѐ уште не верува во политичкото решение и дека во секој момент може да ги нападне Мисрата или Триполи.

„Моментално се обидуваме на маса, значи дипломатија. Ние секогаш сме биле главен актер на оваа маса. Било во Истанбул, било во Москва, било во Триполи, било на други платформи. Но кој избега од масата? Хафтар избега“, рече тој.

- „Германија треба да биде непристрасна и објективна“

Во врска со фрегатата која Германија ја испрати на отворени води кај Либија за да служи во рамки на операцијата „Ирини“, започната од страна на ЕУ на Медитеранот за да се контролира ембаргото за оружје на ОН кон Либија, Чавушоглу истакна: „Оправданата загриженост на либиската Влада во врска со ова прашање, не е завршена“.

Чавушоглу привлече внимание дека операцијата „Ирини“ е пристрасна операција.

„Дали дојде некоја критика од Хафтар и неговите поддржувачи во врска со операцијата „Ирини“? Не. Бидејќи таа е операција која е поддржана од Хафтар и неговите поддржувачи. ЕУ станува алатка на тоа и некои земји членки на ЕУ имаат сериозна загриженост во врска со тоа“, додаде Чавушоглу.

„Операцијата „Ирини“ е пристрасна операција. Германија е домаќин на Берлинската конференција. Затоа, Германија треба да биде непристрасна и објективна. Кога се станува дел од една пристрасна операција, се губи непристрасноста. Вака се губи легитимноста на Берлинската конференција. Тука Германија испрати брод со притисок на Франција. Не мислиме дека биле многу доброволни“, рече турскиот министер за надворешни работи.

Чавушоглу исто така се осврна и на експлозијата која се случи на почетокот на неделата во либанскиот главен град Бејрут, нагласувајќи дека оваа експлозија е голема катастрофа.

Тој говореше и за состојбата на турските државјани кои беа повредени во експлозијата, и рече дека Турција испратила екипа во која се вклучени претставници од Министерството за здравство на Турција, турската Црвена полумесечина и АФАД.

„Ние секогаш сме биле до Либан. Исто и во овој процес и по овој процес ќе стоиме до Либан и до братскиот либански народ“, додаде шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.