Erdoğan Çağatay Zontur
06 Август 2020•Ажурирај: 07 Август 2020
АНКАРА
Министерот за надворешни работи на Република Турција Мевлут Чавушоглу се состана со високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на Европската унија (ЕУ) Џозеф Борел, со кој разговараше за односите на Анкара и Брисел, како и за регионални прашања, јавува Агенција Анадолија (АА).
Чавушоглу на социјалната мрежа Твитер напиша дека се состанал со Борел.
„Нашите односи не смеат да бидат заложници на одредени земји членки", напиша Чавушоглу по одржаниот состанак во Малта.
Додаде и дека ЕУ треба да ги одржи ветувањата дадени во врска со миграциите.
„Турција ќе продолжи да ги брани своите права во Источен Медитеран", додаде Чавушоглу.