Cüneyt Karadağ
06 Август 2020•Ажурирај: 10 Август 2020
БЕРЛИН
Од сабота почнува обврзувачкото тестирање за лицата кои од ризичните подрачја, поради бројот на заразени со коронавирусот (Ковид-19), влегуваат во Германија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерот за здравство, Јенс Спахн, рече дека во Берлин од сабота ќе биде воведен обврзувачки тест на Ковид-19 за лицата кои во Германија влегуваат од земјите кои се прогласени за „ризични подрачја“.
Иако наведува дека прифаќа оти тестирањето е мешање во слободата на поединецот, сепак, Спахн тврди дека тоа е разумна интервенција.
„Слободата, барем мојот поим за слобода, не значи секогаш „слобода само за себе“. Слободата секогаш почнува со одговорност кон другите“, појасни тој.