Hasan Esen
25 Јули 2018•Ажурирај: 26 Јули 2018
МАДРИД (АА) - Вработените во нискобуџетната ирска авиокомпанија „Рајанер“ („Ryanair“) се одлучија за штрајк во четири европски земји, бидејќи не се исполнети нивните услови, јавува Anadolu Agency (AA).
Синдикатите соопштија дека одлуката за штрајк е донесена поради неодговорното однесување на компанијата на барањата од работниците и непреземањето на неопходните чекори за да се отстранат разликите во примањата меѓу групите.
Поради дводневниот штрајк во Шпанија, Португалија, Белгија и Италија, откажани се околу 600 летови во Европа. Најмногу од нив, 400, се откажани во Шпанија.
Компанијата со седиште во Ирска пресметала дека последиците од штрајкот, само на летовите од Шпанија и кон Шпанија ќе ги почувствуваат најмалку 75.000 патници.
Авикомпанијата на своите патници им понуди алтернативни летови или враќање на парите.
„Рајанер“ соработува со 86 аеродроми во 37 земји. Минатата година превезе 130 милиони патници.