Mohamed Sabry Emam Muhammed
25 Јули 2018•Ажурирај: 25 Јули 2018
РАМАЛА (АА) - „Израелските сили приведоа 13 Палестинци во синоќешните рации извршени во окупираниот Западен Брег“, соопшти денес Израелската војска, јавува Anadolu Agency (AA).
„Лицата се приведени поради сомнение за учество во терористички активности“, тврди израелската армија во соопштението, без детално објаснување.
„Приведените ќе останат во притвор до понатамошна истрага“, се додава во соопштението.
Израелската војска честопати спроведува приведувања на окупираниот Западен Брег под изговор дека бараат одредени Палестинци.
Според палестинските институции, околу 6.500 Палестинци во моментов се во израелски притвор, меѓу кои се и 62 жени и околу 350 малолетни лица.