Safvan Allahverdi
29 Декември 2019•Ажурирај: 30 Декември 2019
ВАШИНГТОН
Во градот Хјустон, што се наоѓа во американската сојузна држава Тексас, изведен е вооружен напад врз група што снимала видеоклип на еден паркинг. Во нападот животот го загубија 2 лица, а 6 се ранети, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста објавена во американските медиуми, врз лицата што снимале видеоклип за песна во подрачјето Харис било пукано од автомобил.
Ед Гонзалес, шерифот на Хјустон, за новинарите изјави дека кога пристигнале на местото на кое е извршен нападот, на земјата лежеле најмалку 7 лица со рани предизвикани од куршуми.
Гонзалес информираше дека две лица починале на самото место на нападот, а 6-мина се префрлени во локалните болници.
Капетан Џ. Шенон, шефот на полицијата на подрачјето Харис, изјави дека засега непознати напаѓачи од автомобил пукале врз жртвите, кои снимале спот на празен паркинг.