Sayed Khodaıberdı Sadat
29 Декември 2019•Ажурирај: 29 Декември 2019
КАБУЛ
Талибанските милитанти изведоа напад врз станица на Шумската полиција во местото Хоџа Бахаудин во авганистанската провинција Тахар. Во нападот животот го загубија 17 ренџери, јавува Агенција Анадолија (АА).
Џеват Хиџри, портпарол на Гувернерството на провинцијата Тахар, за медиумите изјави дека милитантите ја нападнале станицата на Шумската полиција во местото Хоџа Бахаудин.
Тој информираше дека во нападот животот го загубиле 17 припадници на Шумската полиција, а уште 4 се ранети.
Откако на местото на нападот биле испратени дополнителни сили, милитантите се повлекле.
Во соопштението што го објави талибанската страна се вели дека во нападот животот го загубиле 21 припадник на Шумската полиција.