Ekipa
26 Септември 2016•Ажурирај: 27 Септември 2016
ХЈУСТОН (АА) - Во трговски центар во југозападниот американски град Хјустон застрелани се неколку лица, а напаѓачот е совладан, соопшти локалната полиција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Полицијата на Твитер објави дека полицајците пукале во напаѓачот и дека во овој момент нема информации за други осомничени учесници во престрелката.
Неколку лица се хоспитализирани, а од полицијата не прецизираа колкумина од нив се повредени, ниту ги изнесоа деталите за сериозноста на повредите.
Инцидентот се случи неколку дена по престрелката во трговскиот центар во сојузната држава Вашингтон, во која загинаа пет лица.