Gamze Türkoğlu Oğuz
26 Септември 2016•Ажурирај: 26 Септември 2016
ТОКИО (АА) - Питон во брз воз во Јапонија предизвика паника меѓу патниците, јавува Anadolu Agency (AA).
Еден од патниците на брзиот воз Шинкансен, 50 минути по тргнувањето на возот пријавил кај кондуктерите дека околу потпирачот на седиштето пред себе видел замотан голем питон.
Откако се увериле во точноста на неговата пријаава, членовите на екипажот на брзиот воз принудно го стопирале возот на станицата Хамаматсу и побарале помош од редарите на станицата.
Со брзата реакција на редарите, питонот бил остранет од возот, а возот потоа продолжил со патувањето кон Хирошима.