Safiye Karabacak
19 Мај 2021•Ажурирај: 19 Мај 2021
ГАЗА
Во нападите на израелските сили во Појасот Газа загинаа уште две лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Израелската авијација изведе напад на еден станбен објект во центарот на Газа.
Здравствените извори наведуваат дека загинаа двајца Палестинци, а двајца се ранети.
Израелските воени авиони изведоа напади и во Рафа и Кан Јунус, на југот на Појасот Газа.
Цел на нападите во Рафа беа просториите на една хуманитарна организација.
Израелските сили исто така гаѓаа и други објекти и палестински земјишта во Кан Јунус.
Оштетена е и куќа на подрачјето Бејт Канун.
Израел од 10 мај од воздух и копно изведува напади на Појасот Газа. И покрај реакциите од светот, Израел продолжи со жестоки напади на Газа во која живеат околу 2 милиони жители.