свет

Палестинците бараат укинување на израелската блокада врз Газа

Израел наметна блокада над Газа од 2006 година, а станува збор за палестинска енклава со околу два милиони жители

Ali Murat Alhas  | 06.04.2020 - Обновена : 06.04.2020
Палестинците бараат укинување на израелската блокада врз Газа

ГАЗА (АА) - Челникот на палестинското движење на отпорот, Исламски џихад, ги повика израелските власти да ја прекинат повеќегодишната блокада на Газа во екот на борбата против ширењето на коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (AA).

Генералниот секретар на движењето, Заид Накија, предупреди дека Израел мора да избере дали ќе ја укине блокадата на Газа и ќе ги ослободи палестинските затвореници или пак да се соочи со погубните последици на пандемијата на Ковид-19.

Тој, исто така, ги повика палестинските власти да заземат поостар став кон израелските власти, кои со блокадата на Газа го прават животот невозможен, особено во екот на пандемијата.

Израел наметна блокада над Газа од 2006 година, а станува збор за палестинска енклава со околу два милиони жители.

Досега во Газа потврдени се 12 лица заразени со коронавирусот.

Ковид-19 за првпат се појави во декември 2019 година во градот Вухан, во кинеската покраина Хубеи, и се рашири во речиси 200 земји.

Податоците покажуваат дека во светот има над 1,2 милиони потврдени случаи на вирусот, над 69.400 починати и над 263.000 излекувани лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.