свет

Во Ирак заробен еден од наследниците на водачот на ДЕАШ, Багдади

Безбедносните власти соопштија дека наследникот на Багдади, Кардаш, е заробен како резултат на операцијата организирана од Агенцијата за разузнавање

İdiris Okuduci  | 20.05.2020 - Обновена : 22.05.2020
Во Ирак заробен еден од наследниците на водачот на ДЕАШ, Багдади

ИСТАНБУЛ (АА) - Во Ирак заробен е Абдулнасир Кардаш, кој беше именуван меѓу наследниците на Ебу Бекр Багдади, убиениот водач на терористичката организација ДЕАШ, пренесува Агенција Анадолија (АА).

За државната ирачка новинска агенција ИНА, безбедносните власти соопштија дека наследникот на Багдади, Кардаш, е заробен како резултат на операцијата организирана од Агенцијата за разузнавање.

Безбедносните власти не споделија подетални информации за тоа каде и како е заробен Кардаш.

Багдади беше убиен во сириската покраина Идлиб, за време на операцијата организирана од САД на 27 октомври 2019 година.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın