Emel Gözellik
20 Мај 2020•Ажурирај: 21 Мај 2020
АНКАРА (АА) – Во светот од новиот вид коронавирус, Ковид-19, оздравеа над 2 милиони луѓе, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Според податоците на интернет-страницата „Worldometer“, во светот од Ковид-19 оздравеле вкупно 2.004.978 лица.
Најмногу излекувани се регистрирани во Соединетите Американски Држави (САД), 365.747 лица.
Следуваат Шпанија (196.958), Германија (156.900), Италија (132.282), Турција (113.987), Бразил (106.794), Иран (98.808), Кина (85.392), Русија (85.392) и Франција (63.354).
Новиот тип на коронавирусот се појави во декември минатата година во кинескиот град Вухан, а наскоро се претвори во пандемија што го зафати скоро целиот свет.
Бројот на заразени достигна 5.051.800, а како последица на вирусот, според „Worldometer“, починати се 327.748 лица.