Ali Semerci
25 Март 2024•Ажурирај: 25 Март 2024
ГАЗА (АА) - Во израелски воздушен напад врз градот Деир ал Балах во централниот дел на Појасот Газа, загинаа деветмина Палестинци, главно деца и жени, а многумина се повредени, пренесува Анадолу.
Како што јавува палестинската новинска агенција ВАФА, израелските сили извршиле воздушен напад врз куќа во Деир ал Балах.
Најмалку деветмина Палестинци, главно жени и деца, загинаа во нападот, многу луѓе се повредени, а некои останаа заробени под урнатините.
Најмалку 32.226 Палестинци се убиени во израелските напади врз Појасот Газа од октомври, соопшти вчера Министерството за здравство во опколената енклава.
Израел започна напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас, во кој Тел Авив вели дека загинале речиси 1.200 луѓе.
Според Обединетите нации, израелската војна принуди 85 отсто од населението на Газа внатрешно да се раселат, каде што постои и акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а 60 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, кој со привремената одлука во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните дејства и да преземе мерки за да гарантира хуманитарна помош за цивилите во Газа.
Непријателствата, сепак, продолжуваат со ненамалено темпо, а испораките на помош и понатаму се недоволни за справување со хуманитарната катастрофа.