Zeynep Hilal Karyağdı
24 Март 2021•Ажурирај: 25 Март 2021
БАГДАД (АА) - Ирачката Армија соопшти дека 27 терористи се убиени во операцијата против терористичката организација ДАЕШ спроведена во планинското подрачје на Мосул, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Ирачките вооружени сили, бригадниот генерал Јахја Ресул, во писмената изјава соопшти дека антитерористичките единици на Армијата извршиле операција во северниот дел од земјата, во регионот на планините Махмур во Мосул.
Ресул изјави дека како што е досега утврдено, во операциите се убиени 27 терористи, притоа додавајќи дека сè уште не се знае точната бројка на убиени милитанти, бидејќи не може да се стигне до телата на терористите што се под урнатините во карпестите предели по воздушните напади спроведени во планинското подрачје.
Ресул истакна дека антитерористичките тимови од воздух се поддржани од хеликоптери и воени авиони на Меѓународната коалиција против ДЕАШ и ирачката Армија.
Во јуни 2014 година, ДЕАШ целосно ги освои ирачките покраини Мосул, Салахадин и Анбар, како и одредени делови од покраините Дијала и Киркук. Овие области во текот на годините што следуваа повторно беа вратени назад.
Поранешниот ирачки премиер Хајдар ал Ибади на 9 декември 2017 година соопшти дека е постигната победа над оваа терористичка организација.
Иако поминаа три години откако терористичката организација ДЕАШ беше расчистена од регионот и градовите беа вратени назад, нападите на оваа терористичка организација во руралните области на покраините Киркук, Дијала, Мосул, Салахадин и Анбар продолжија.