Şerife Çetin
24 Март 2021•Ажурирај: 25 Март 2021
БРИСЕЛ (АА) - Заврши дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата за медиумите по состанокот, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, рече дека на последната сесија е разгледано руското прашање.
Истакнувајќи дека односите со Русија се тешки, Столтенберг изјави: „И покрај долгогодишниот притисок и обидите да се воспостави контакт за корисен дијалог, Русија го зголеми своето агресивно однесување и дома и во странство.“
Тој наведе дека во Русија сè уште се потиснува опозицијата и го повтори повикот за ослободување на рускиот опозиционер Алексеј Навални и другите демонстранти приведени на мирните демонстрации.
Столтенберг истакнувајќи дека Русија продолжува да ја зголемува своето воено присуство рече: „Одговорот на НАТО е силен и стабилен.“