АНКАРА
Катастрофалниот пожар во кампот во Бангладеш во кој се сместени муслиманите од Аракан кои избегаа од прогонот на Армијата во Мјанмар, на светската дневна агенда ги врати условите на бегалците и нивната безбедност во камповите, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на Канцеларијата за координација на хуманитарната помош на Обединетите нации, ажурирани за последен пат на 18 март, повеќе од 877.710 бегалци што избегаа од зголемениот притисок на Армијата на Мјанмар и се засолнија во Бангладеш, престојуваат во камповите лоцирани во Кокс Базар и неговата околина.
Два од 34-те кампа што се наоѓаат во околината на Кокс Базар (камповите „Најапара“ и „Кутупалонг“), управувани се од страна на Бангладеш.
Кампот „Балухали“, во кој избувна пожар и во кој беа уништени илјадници засолништа и животот го загубија 28 лица, се наоѓа во средината меѓу камповите со број 8E, 8В и 10.
Распределбата на бегалците во камповите:
Кампот 1E: 38.577, Кампот 1В: 37.988, Кампот 2E: 26.513, Кампот 2В: 24.276, Кампот 3: 36.878, Кампот 4: 31.063, Кампот 4 (дополнителен): 7.745, Кампот 5: 25.183, Кампот 6: 23.403, Кампот 7: 37.367, Кампот 8E: 29.500, Кампот 8В: 31.321, Кампот 9: 33.456, Кампот 10: 30.104, Кампот 11: 30.707, Кампот 12: 26.474, Кампот 13: 42.166, Кампот 14: 32.815, Кампот 15: 50.869, Кампот 16: 20.981, Кампот 17: 17.233, Кампот 18: 27.189, Кампот 19: 24.440, Кампот 20: 6.985, Кампот 20 (дополнителен): 9.271, Кампот 21: 16.904, Кампот 22: 21.239, Кампот 23: 7.500, Кампот 24: 26.606, Кампот 25: 7.784, Кампот 26: 40.290, Кампот 27: 15.295, Кампот „Најапара“: 22.586, Кампот „Кутупалонг“: 17.002 лица.
Според податоците на Канцеларијата за хуманитарна координација на Обединетите нации, во 34-те кампа во Бангладеш, 52 % од бегалците се деца, 44 % се возрасни и 4 % се стари лица.
Покрај тоа, во камповите, околу 9 % од бегалците се лица со попреченост, а 52 % од вкупната бројка на бегалците се жени.
Се наведува дека 68 % од бегалците кои престојуваат во овие кампови доаѓаат од градот Маунгдав, кој се наоѓа на границата на Бангладеш со Мјанмар, а 26 % доаѓаат од Бутидаунг.
Постојат приближно 190 семејства, претежно составени од 4-5 лица, кои се обидуваат да ги одржат своите животи во камповите.
Околу 40 бегалци од Аракан, меѓу кои има стари лица и деца, спаѓаат во ризичната група, имаат потреба од итна помош.
Во меѓувреме, се наведува дека Владата на Бангладеш сместила околу 13 бегалци од Аракан на контроверзниот остров Башан Чар.
Во пожарот што избувна во бегалскиот камп „Балухали“ на 23 март, 28 лица загинаа, а најмалку 40 лица беа повредени. Катастрофалниот пожар уништи 10.000 засолништа, а 55 бегалци се погодени од катастрофата.
- Етничко чистење за муслиманите од Аракан
Муслиманите од Аракан со законот донесен во 1982 година ги изгубија правата за државјанство.
Во Мјанмар, во моментот официјално се признаваат 135 различни етнички групи. Радикалните будисти се спротивставуваат на признавањето на муслиманите од Аракан.
Во 2012 година во мјанмарската држава Аракан настанаа судири меѓу будистите и муслиманите, во кои илјадници луѓе беа масакрирани, од кои повеќето муслимани, а беа запалени стотици куќи и деловни простории.
Мјанмарската војска и будистите националисти започнаа масовни насилства, а како образложение за тоа ги наведоа истовремените напади извршени на 25 август 2017 година врз граничните полициски станици во Аракан.
Податоците на Обединетите нации (ОН) покажуваат дека од август 2017 година досега, од притисоците и суровоста во Аракан, во соседен Бангладеш побегнале над 900.000 луѓе.
Меѓународните организации за човекови права со сателитските слики што ги објавија докажаа дека стотици села се уништени.
Обединетите нации и меѓународните организации за човекови права, насилството врз араканските муслимани го нарекоа етничко чистење или геноцид.