Ekip
22 Март 2016•Ажурирај: 23 Март 2016
ИДОМЕНИ (AA) – Еден мигрант се запали на грчко-македонската граница во текот на протестите поради затворање на границата и поради изгорениците по телото е хоспитализиран, јавува Anadolu Agency (AA).
Грчката полиција соопшти дека инцидентот се случи во вторник во текот на протестите во шаторската населба во близина на границата на грчкото погранично село Идомени.
Околу 12.000 бегалци се наоѓаат во кампот кај Идомени, без оглед на фактот дека границите на Балканската рута се затворени и на повик на грчките власти да се преселат во засолниште кое го направи војската.
Од минатомесечниот договор помеѓу Европската унија и Турција со кој сакаат драстично да го ограничат бројот на мигрантите кои доаѓаат секојдневно во Европа, во кампот секојдневно организираат протести.