Sayed Khodaiberdi Sadat
05 Јули 2020•Ажурирај: 08 Јули 2020
КАБУЛ (АА) - Најмалку тројца полициски службеници загинаа во бомбашки напад што утрово се случи во западен Авганистан, јавува Агенција Анадолија (AA).
Портпаролот на полицијата во покраината Херат, Абдул Ахад Вализаде, соопшти дека нападот е извршен со активирање на бомба на патот во градот Ахад Абад.
Целта на нападот во кој загинаа тројца, а ранети се уште тројца полицајци, била полициска патрола.
Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот.
Авганистан е средиште на длабока повеќедецениска политичка и безбедносна криза, која се рефлектира во борбата за превласт меѓу талибанското движење и владините сили.
Постојана закана за безбедноста претставува и терористичката организација ДЕАШ, која по поразите во Ирак и Сирија значително ги интензивира своите активности на авганистанско тло.