Emel Gözellik
05 Јули 2020•Ажурирај: 05 Јули 2020
АНКАРА (АА) – Во Кина, во изминатите 24 часа откриени се 8 нови случаи на новиот вид коронавирус, Ковид-19, додека во Јужна Кореја детектирани се 61 нов случај, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Кинеската Национална комисија за здравство соопшти дека во земјата во последните 24 часа се регистрирани 8 нови случаи на вирусот, од кои 2 се во главниот град Пекинг.
Вкупниот број на потврдени случаи во Кина е зголемен на 83.553, додека бројот на смртни случаи на 4.634. Во земјата од вирусот досега се излекуваа 78.516 лица.
Во земјата во последните 24 часа не е потврден смртен случај од Ковид-19.
- Во Јужна Кореја регистрирани 61 нов случај на Ковид-19 -
Од Центарот за контрола и превенција на болести на Јужна Кореја соопштија дека во последните 24 часа се идентификувани 61 нов случај на Ковид-19.
Од Центарот е истакнато дека бројот на заразени со Ковид-19 во земјата е зголемен на 13.091, а од коронавирусот досега починаа 283 лица.
Во последните 24 часа во земјата не е евидентиран смртен случај од Ковид-19.
Во последниот период најголем број случаи на Ковид-19 се забележани кај граѓаните кои посетувале ноќни клубови, цркви, кај лица што работеле во магацин на една компанија за електронска трговија и кај продавачите на пазарите.